Елена Андоновска ги оживеа песните на Вања Лазарова и Петранка Костадинова

2402

Пејачката Елена Андоновска го промовираше својот нов музички проект насловен “Кој што ме чуе да пеам“. Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од познатите македонски доајени Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски. Аранжманите ги изработи Александар Јовевски во модерен етно стил но со зачуван афтентичен македонски мелос. Албумот е снимен во музичкото студио “Подрумот“ во музичка продукција на Ангел Ќосев. За омотот се погрижија Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – графички дизајн.

Елена неодамна го промовираше видео записот за песната “Босо моме“ која е дел од овој музички проект, а се снимаше во Лазарополе во соработка со Арт продукција. За прекрасниот изглед на Елена се погрижија IvaSmakeup, како и нејзините долгогодишни подржувачи beautybar.mk