Елена Петреска 14 дена лежела на Инфективна клиника поради Ковид-19: „Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија“

552

Македонската пејачка Елена Петреска, која по две недели поминати во болница е пуштена на домашно лекување, одлучила да го сподели своето искуство со коронавирусот.

На својот Фејсбук профил, Елена Петреска јавно му се заблагодари за лекарскиот тим за третманот што го добила во изминатите 14 дена на Инфективната клиника.

„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид-19. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња“, вели пејачката и додава:

„Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно“, објаснува пејачката во подолга Фејсбук бјава.