Елена Петреска деновиве на социјалните мрежи се пофали дека ја бива за се! Имено, пејачката сподели неколку фотки преку кои го покажа мармаладот од сливи кој што сама го направила, а објавата наиде на воодушевување кај фановите кои и порачаа дека е супер домаќинка.
Инаку, пејачката која е мајка на две деца во едно интервју откри дека родителството ја променило во целост, а малата Софиа и Михаил се нејзино СЕ во животот.
– Мајчинството е најубавата работа која ми се случила. Децата се неизмерна љубов, позитивна енергија и радост. Ми се оствари желбата да имам и син и ќерка. На лик се многу слични, дури на моменти како близнаци, а во карактерот се многу различни, рече Елена која наскоро ќе промовира нов сингл, а паралелно работи и во Македонската опера и балет каде има редовен ангажман.