Елена Ристеска уловена со новиот дечко – Се појавија на ревија фатени за рака

715

Пејачката Елена Ристеска вчеравечер во друштво на својот нов дечко Филип се појави на модниот викенд  и од првите редови внимателно ја следеше ревијата на младата дизајнерка Наталија Терзијоска.

Пејачката на ревијата пристигна со мало задоцнување, а покрај Филип друштво и правеа и неколку другарки кои уживаа со нив во модниот перформанс.

За оваа прилика Ристеска блесна во црвено сако искомбинирано со црна маица и панталони, додека, пак, нејзината посила половина се одлучила за црна варијанта.

Инаку, ова е прво заедничко појавување на парот во јавноста, а заедно се само неколку месеци.

Фото: Инстаграм