Елена се омажила во Египет и ја променилa верата: Живеам во харем, сите се шокирани кога ќе им кажам како тука ги третираат жените!

1036

Русинката Елена пред 10 години се омажиле за маж од Египет и оттогаш живее во харем. . Таа како дете сонувала да стане астронаут, актерка, па дури и произведувач на парфеми но и да живее во топла земја и на море. Сепак, животот одлучил дека од сите овие соништа ќе и се исполни само последниот.

Тажно детство

-Додека бев во училиште многу пати бев предмет на исмев и малтретирање бидејќи бев буцка. На 11 години драстично ослабев, а соучениците едвај ме препознаа. На 17 години почнав да студирам психологија, а на 21 почнав да работам во туристичка агенција. Па така 4 години подоцна, во 2002та година заминав да го посетам Египет. На прв поглед се заљубив во оваа држава, во нејзината историја, во морето. Седум години подоцна добив понуда да работам како рецепционерка во еден хотел во Хургада, Египет. Условите беа толку добри, да дури и мојата мајка која беше противник на идејата да заминам од Русија, ми рече спакувај се и заминувај. Веднаш бев предупредена за опасностите. Ми рекоа да внимавам. Во хотелот имало двајца менаџери познати по романсите со туристите. Сепак, очигледно не бев доволно внимателна бидејќи еден од нив ми стана сопруг една година подоцна.

Како почнала романсата

Тој почна да ми обрнува многу внимание. Ми праќаше подароци, цвеќиња, ми купуваше храна, инсистираше да му пишам кога ќе стигнам дома иако тој секој ден ме носеше буквално до вратата на мојот дом. На почетокот не ме привлекуваше физички воопшто. Не размислував дека некогаш ќе бидам во врска со него, па дури и го запознав со една пријателка од Москва мислејќи дека тие двајца би биле супер двојка. Тој беше добар, љубезен со одличен хумор. Најпрвин бевме само пријатели, но забележав дека тој има други чувства. Одевме на долги прошетки и патувавме заедно во Каиро. И тогаш решивме да се венчаме.

Ете, мојот сон се исполни. Живеам покрај море, во топла држава, а низ прозорецот гледам песочна планина.

Живот во хотел

Мојот сопруг продолжи да работи во хотелот каде се запознавме, а јас живеев како кралица – иако никогаш не разбрав зошто. Персоналот ми ја чистеше собата, јадевме во ресторанот, а нашата прва ќерка секојдневно уживаше на плажата. Со денови одев на плажа и гледав во морето. Но во еден момент бев уморна од толку одмор!

Кога останав бремена со второто дете ние се уште живеевме во хотелот. Тогаш мојот сопруг реши да смени работа и се преселивме во стан, каде што морав да правам се – да чистам, готвам и да се грижам за ќерката и новородениот син. Не знаев да готвам, а ќерка ми Џенет тогаш имаше три години и беше љубоморна на својот брат Адам кој пак имаше страшни грчеви и не оставаше без сон со денови.

Бев подготвена да оставам се и да побегнам назад во Москва. Можеби ќе го направев тоа доколку Адам имаше руски документи. Мајка ми се разболе, а Адам во меѓувреме доби руско државјанство па така сите повторно бевме заедно.

Постепено, нашата врска прерасна во големо почитување и пријателство, а нашата врска дополнително ја зацврсти и третото дете. Благодарение на нашите деца, ние го гледаме светот онаков каков што е – искрено се сакаме и си ги прифаќаме доблестите и маните. Мојот сопруг е грижлив татко кој е подготвен да направи се за своите деца, но и за своите пријатели.

Тој буквално сака да знае се – кој што јадел денес, кое дете кога било во тоалет и дали е се во ред. Знае се за нашите деца – кога треба да примат вакцина, кој број на облека носат, што сакаат да јадат и тој сам им купува се. Се сеќавам еднаш кога Адам беше во болница, тој не се одвојуваше од него. Го тешеше кога примаше инјекции, го бањаше и постојано беше со него.

Неодамна бевме во шопинг. Тој ги зема децата со него и ме пушти да прошетам сама на мир за да си најдам нешто за себе. Кога отидов во кабината да пробам, го повикав да ми каже што мисли. Наместо одговор, тој ја прати ќерка ми да ми донесе некоја облека која тој ја одбрал. Тој е совршен стилист!

Постојано ме прашуваат која жена сум му по ред

Јас живеам во нашиот харем кој брои има седум члена. Маж ми, јас, трите деца и две мачки. Јас сум негова единствена сопруга! И како ми се чини така и ќе остане. Тој не заработува доволно за да си дозволи плус жени на кои ќе им пружи еднаков третман.

Промена на вера

Првото нешто кое многумина го мислат е дека сум ја променила верата откако сум се омажила – но јас тоа го сторив пред да го запознаам мојот сопруг. Никој не може да ме натера да направам нешто што не сакам, а промената на верата само поради брак за мене е лицемерие.

Домаќинка сум, ама не и роб

Редовно одам на прошетки со Русинките кои живеат тука во Египет – ги носиме децата на игралиште, одиме на кафе, чај, а слободното време го поминуваме како и сите други жени во светот.