Популарниот пејач, Елтон Џон, го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин, поради неговите ставови за прашањето на правата на ЛЏБТИ популацијата.
Путин неодамна во интервју изјавил дека “либералната идеја станала стрела“ и дека “дошла до конфликт со поголемиот број на жителите“.
Путин изјавил дека Русија не е хомофобна, но дека подготвеноста западот да ја прифати хомосексуалноста и родовата неодреденост е претерана.
„Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе, отколку таа либерална идеја, која по мое мислење всушност исчезнува“.
Рускиот претседател во меѓувреме одговори на критиките на пејачот.
„Лично, многу го почитувам Елтон Џон. Тој е генијален музичар во чии песни сите уживаме. Меѓутоа, мислам дека овојпат греши!“.
Путин тврди дека руските власти имаат “нормален однос кон ЛЏБТИ популацијата и дека немаат предрасуди“, но дека прашањата за родовиот идентитет може да ги донесат само возрасните луѓе и дека малолетните треба да се “остават на мир“, изјавил тој во Осака на самитот Г-20.
Dear President Putin,
I was deeply upset when I read your recent interview in the Financial Times.
I strongly disagree with your view that pursuing policies that embrace multicultural and sexual diversity are obsolete in our societies. pic.twitter.com/wNG3imaR2r
— Elton John (@eltonofficial) June 28, 2019
Елтон Џон изјавил дека воопшто не се согласува со ставот на Путин, велејќи дека е длабоко вознемирен поради тоа што го прочитал.
„Гледам лицемерие во вашите коментари, дека сакате ЛЏБТИ популацијата да биде среќна и дека немате проблем со тоа. Но, сепак руските дистрибутери го цензурираа мојот филм „Rocketman“, отфрлајќи ги сцените кои се поврзани со тоа и тоа што јас ја пронајдов вистинската среќа низ 25-годишната врска со мојот партнер Дејвид, и нашите два прекрасни синови“ – напишал тој.
„Мило ми е што живеам во дел од светот каде што владите го признаваат универзалното човеково право, луѓето да го сакаат тоа што сакаат“ заклучил пејачот.