Елзесер до Спасовски: Ако е законски, зошто Габриел и Елвис за пола саат си ги собраа сите ригови од АД ГТЦ

1285

Јохан Елзесер на социјалните мрежи ги коментираше вчерашните настани во Градскиот трговски центар, каде беше затечено копање на биткоини ос страна на (неофицијално) Габриел и Елвис Бајрами. Елзесер

„Добровечер Oliver Spasovski
Во “мое“ време МВР беше институција.
Во денешно време МВР е една најобична ПИЉАРНИЦА.
Примарно. Габриел Бајрам е советник на ЕСДЕЕС за град Скопје. Воедно Габриел и Елвис (брат му) копаат БИТКОИНИ на повеќе места во ГТЦ, а не само на местото на кое сте биле. Позади Габриел и Бајрам има трети лица ама за тоа друг пат.

Секундарно. Увид не сте направиле, затоа што и најглупиот ке приметел дека од истата просторијата излегува струен кабел фи10 кој оди директно до трафостаница.
Терцијално. ГТЦ по сопственичка структура е Акцинерско Друштво во државна сопственост. Значи не постојат приватни броила, сите броила се во сопственост на македонскиот народ.

Идемо даље. Се копаат биткоини најмалку три години. Во подрумските или магацинските простории СТРУЈА СЕ ПЛАЌА ПАУШАЛНО по метар квадратен бидејки таму поединечни броила не постојат. Ај пак, паушално по метар квадратен, не по потрошена струја, туку паушално по метар квадратен. Малку треба да си паметен за да сфатиш дека струјата (бидејки мора да се плати на ЕВН) ја плаќаат сите дуќанџии подеднакво по метар квадратен. Тоа значи дека и ВЕРО и Стопанска банка и да не ги редам сите поголеми институции корисници на деловен простор плус дуќанџиите, плаќаат за на Елвис и Габриел РИГОВИТЕ и потрошената струја од истите, во превод Елвис и Габриел всушност крадат струја од дуќанџиите (бидејки не постојат броила) поточно од АД ГТЦ кој е во државна сопственост и тоа претставува класично кривично дело. Приватни броила во АД ГТЦ не постојат, а МВР таква изјава во моментов даде на сите телевизии 😂 броилата се на народот. Воедно ако не говорам вистина, ете Габриел и Елвис нека покажат извод со платени вирмани за конкретно потрошената струја за нивното “приватно“ броило во изминатите 36 месеци 😂..

И на крај ако е ЗАКОНСКИ, зошто Габриел и Елвис наврат нанос за пола саат си ги собраа сите ригови од АД ГТЦ, ај остај што ги собраа со комбе, него на угорницата поради лошо затворена задна врата пола компјутери им се истркалале на асфалт, па шоферот ги собирал 😂

Како јаготка на шлагот, АД ГТЦ спрема последниот договор од 13.09.2021 година, купува струја по цена од 4.619,оо денари по MWh без ДДВ, а истата на корисниците на деловниот простор ја продава по 15 денари без ДДВ за KWh. Се прашувате каде е јаготката. Епа јаготката е во тоа што АД ГТЦ нема лиценца за продажба на акцизна стока. Струјата е акцизна стока. Фала!

И на крај, абе Спасовски Спасовски Обиџуко мој… Како може јас да го знам ова, а сите други релевантни институции да не го знаат, па дури и Ѓоко Трајчевски другарот на Шилегов (кој не дава дуќан да искречиш без потпишано одобрение) директорот на ГТЦ а од денес БТЦ 😂 јасно и гласно пред половина час вика дека појма немал за “копањево“ ❤; пишува тој на фејсбук.