Во светот на домашната политика вистинска реткост е да се наиде на добро стилизиран политичар. Класичните костими им се заштитен знак и тоа е се, барем на онаа постара генерација која што ретко експериментира и секогаш се води по онаа старата : кога не знаеш што да облечеш, облечи црно и си завршил работа.
Но, помладата генерација почнува полека да изненадува.
Лидер во однос на облекувањето и стилот дефинитивно е портпаролот на Либерално – Демократската партија, Миро Кацаров.
Тој секогаш е среден и дотеран, уредно пострижен и носи брада која на некој начин му е заштитен знак. На еден суптилен начин создава од себе приказна во која парчињата облека испраќаат пораки во кои „пишува” дека автентичноста ја создаваме паметно, непретенциозно, а сепак видливо. Припадник е на минималистичко облекување. Обожава парфеми и часовници и важи за омилен кај понежниот пол.
Во продолжение погледнете ја галеријата со негови фотографии: