Ем жена, ем Афроамериканка: Лашана Линч влегува во историјата како првиот женски агент 007

488

Актерката Лашана Линч ќе го глуми првиот женски агент 007 во претстојниот филм за Џејмс Бонд, „No Time To Die“, потврди „Harper’s Bazaar“.

Линч има еден совет во врска со критиките на кои била изложена, а тоа е следното: побарајте ја вистината во нив.

„Кога критиките доаѓаат од луѓе за кои се грижам, обично тоа го сфаќам како точка на развој бидејќи знам дека го кажуваат тоа со причина – бидејќи ме носат во срцето. Странците не го прават тоа. Ако во тоа најдам вистина, обично и работам на истото. Ако не гледам вистина, морам да сфатам дека не е секогаш до мене – понекогаш е до нив“, изјавила Лашана.

Кога минатата година се појавија шпекулации дека Линч ќе го толкува првиот црн женски агент 007 во претстојниот филм за Бонд, тоа предизвика огромен број реакции и груби и зајадливи критики. Негативните коментари довеле до тоа Лашана да ги избрише профилите на социјалните мрежи, да медитира и да се гледа само со членовите на семејството, тешејќи се дека злобните критики не се од лична природа. А потоа се огласила.

„Јас сум црна жена. Да беше било која друга темнокожа жена која ја игра улогата во филмот, би се водел истиот разговор. Затоа ова не е лично против мене. Треба само да се потсетам дека сум дел од нешто многу, многу револуционерно“.

Според „Harper’s Bazaar“, нејзиниот лик Номи го презема шпионското кодирано име 007 кога Џејмс Бонд (Даниел Крег) исчезнува по случувањата во филмот „Spectre“.

„No Time To Die“ пристигнува во кино салите на 2 април 2021 година.