Популарната моделка Емили Ратајковски (27), која често се слика во разголено издание, е голема обожавателка на Лос Анџелес Лејкерс.
Кога не шета по модните писти и не позира на модните списанија, оваа феминистка со пријателите редовно ги следи натпреварите на омилениот кошаркарски тим. Но дури и во салата настојува да биде модерно облечена, што и се очекува од една позната манекенка.