Откако се прослави, манекенката Емили Ратајковски ја негува својата природна кафена коса со средна должина.

Манекенката за посета на Тексас одличила да се претвори во модерна кантри девојка со каубојски шешир и чизми, сребрена јакна и оскуден комплет со реси, но многу поинтересна од аутфитот била нејзината бујна и витката платинесто руса коса.
Иако ова не е првпат да носи перика, досега сме немале прилика да ја видиме токму во вакво издание и тешко би ја препознале доколку сама не ги објавеше овие фотографии на својот Инстаграм профил.

Но, иако е непрепознатлива, веруваме дека повеќето од вас ќе се согласат дека на убавата Емили и овој изглед ѝ прилега одлично.