Енергетско реновирање на „Боро Чурлевски“ – нов покрив, нова дограма, филтер за котелот

489

Наскоро, нови градежни активности во спортската сала „Боро Чурлевски“, најавуваат локалните власти во Битола. Преку европски грант, добиени се средства за сериозен зафат во битолскиот ракометен храм, кој би требало да добие нов кров, нов таван, нова дограма и филтер за чад за биомасниот котел во котларата.

Проблемот со условите за игра во битолската сала е децениски, а со енергетското реновирање се очекува истиот колку-толку да биде надминат. Веќе е одреден и изведувачот кој ја доби задачата за реновирање на „Боро Чурлевски“, а тоа е битолската градежна компанија „МЗТ инженеринг“.

  • Енергетското реновирање на „Боро Чурлевски“ ќе се состои од: 

– покривање на кровот на главната спортска сала со набавка и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач со изолација со површина од 3.000 метри квадратни

– покривање на кровот на дел од влезната сала со површина од 1.000 метри квадратни, со набавка, транспорт и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач

-демонтажа и замена на постоечките тавани со нови со површина од 1.330 метри квадратни, со влкучена набвака, транспорт и монтажа

– замена на дел од постоечките прозорци со нови енергетски ефикасни што вклучува промена на 65 парчиња со вкупна површина од 346 метри квадратни, со вклучена набавка, транспорт и монтажа

– монтажа на филтер за час за биомасниот котел во котларата, со вклучена демонтажа, отстранување и повторна монтажа на постоечката опрема според потребите на филтерот, комплетен сет на материјали и работна рака, како и набавка, транспорт и монтажа на филтерот со придружна опрема, материјали и работна рака.