Ердоган им нареди на генералите да потопат грчки брод или да соборат грчки авион!?

769

Ердоган во неколку наврати им се закани на Грците во врска со спорот во Медитеранот.

Германскиот весник „Велт“ објави шпекулации, повикувајќи се на воени извори од Истанбул, дека генералите добиле наредба од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да потопат еден грчки брод.

Пред неколку дена, Ердоган им нареди на генералите да потопат грчки брод, но да се обидат во тој напад да не им нанесат премногу жртви. Генералите тоа го одбија, па следната идеја беше соборување на еден грчки авион – наведува германски „Велт“.

Меѓутоа, намерата беше авионот да биде погоден на таков начин што пилотот може да се катапултира и да се спаси – додава весникот.

Германскиот весник наведува дека турските генерали ги отфрлиле идеите на Ердоган, бидејќи во спротивно ќе настанел хаос на Медитеранот.

Откако Турција започна со потрага по наоѓалишта на гас во источен Медитеран, во областите за кои Кипар и Грција сметаат дека тие имаат право да ги користат, тензиите во тој регион ескслираа.

На тоа следуваше турската закана дека секое грчко проширување на територијалните води долж морската граница со Турција ќе се смета како повод за војна, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Ердоган неколку пати и се закани на Грција, а во последното обраќање заклучи дека „Стрела го напушти лакот и сигурно ќе ја најде својата цел“. Дојче Веле неодамна пишуваше за тензиите меѓу двете земји, нагласувајќи дека ситуацијата околу гасот се влошува.