Турција донесе одлука да се откаже од набавка на руската вакцина против вирусот корона, објави министерот за здравство на земјата Фахретин Коџа во интервју за весникот „Хабертурк“.
“Руската вакцина” е аденовирусна вакцина. Проблемот настана како резултат на GLP (добра лабораториска пракса). Русија (руската вакцина) не можеше да се усогласи со неа. Затоа Светската здравствена организација и светот не можат да ја купат оваа вакцина, рече Коџа.
Според зборовите на Коџа, таа исто така не можела да добие лиценца во Турција.
Од таа причина, тоа излезе надвор од сферата на нашиот интерес, додаде министерот.
Турскиот министер не прецизираше за која точно вакцина станува збор, но многу е веројатно дека станува збор за Спутник 5.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја одлуката на Турција, рече дека резултатите од тестовите покажуваат дека станува збор за многу ефикасна и сигурна вакцина.
Руската вакцина против ковид-19 може и сигурно ќе игра многу важна улога во борбата против вирусот корона, додаде Песков.