Ердоган со закана: „Милион мигранти праќам во Европа! И тие нека сносат дел од товарот“

684

„Вратата на Турција кон Европа е отворена, пристигнуваат милиони бегалци“ – изјавил вчера претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на митингот кој го одржал во Анкара.

Милијарда долари

„Нема да ги затвориме границите со земјите од Европска унија за бегалците. Кога им ги отворивме вратите, многумина ми се јавија за да бараат затворање на истите. Им кажав дека сè е готово. Завршено е. Вратите сега се отворени. Сега и вие ќе мора да понесете дел од товарот на свој грб. Околу 100 илјади веќе ја поминаа границата, наскоро ќе бидат милион“ – изјавил Ердоган.

„За жал, нашите очекувања за правична распределба на одговорностите останаа без одговор. ЕУ не ги исполни целосно условите на договорот од 18 март 2016 година. Тие велат дека ќе испратат уште една милијарда евра. Кого се обидувате да измамите? Повеќе не ги сакаме тие пари. Турција потроши 40 милијарди долари на бегалците и сама ќе ги најде тие пари“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој е во посета на Анкара.

Оваа закана сериозно ги изплашила претставниците на ЕУ затоа што токму таа би можела да се соочи со мигрантска криза полоша од онаа во 2015-та година. Еден од начините на кој таа криза би можела да запре е договорот кој Унијата во 2016-та година го постигнала со Турција – за задржување на бегалците.

Тешка ситуација

„Признавам дека Турција е во тешка ситуација што се однесува до мигрантите. Но, тоа што сега го гледаме не може да биде одговор или пак решение. Недозволливо е Турција да ги пушти бегалците да преминат во Европа“ – изјавила Урсула вон дер Лејен, претседателката на Европската комисија и најавила дека денес ќе ја обиколи грчко-турската граница.

Според тајниот извештај од Агенцијата за заштита на надворешните граници на Европката унија, од Турција се очекува масовна миграција, а аситуацијата е толку многу надвор од контрола што се предвидува дека бегалците нема да можат да ги запрат ниту при интервенција на турските власти доколку истите одлучат да ја затворат границата со Грција.

„Вестите на социјалните мрежи ја зголемуваат можноста за масовно движење од Турција кон границите на ЕУ. Први на удар се Грција и Бугарија, а на бугарско-турската граница има дури 60 службеници на Фронтекс“ – пишува „Велт“ повикувајќи се на веродостојни извори.