Ескалираше ситуацијата во Украина: Војската го нападна Доњецк!

915

Украинската војска гранатираше предградие на Доњецк, соопшти претставник на самопрогласената Доњецка Народна Република во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Станува збор за прва поголема ескалација изминатите неколку месеци, а во гранатирањето биле оштетени шест куќи и далековод во местото Старомихајловка, пренесува руската новинска агенција „РИА Новости“.

Според првичните информации, во гранатирањето нема повредени и причинета е само материјална штета.

Доњецката и Луганската Народна Република прогласија независност после промената на власта во Украина во 2014-та година, по што украинската армија стартуваше воена операција во Доњецк и Луганск со цел да бидат ослободени окупираните територии од про-руските сепаратисти кои се залагаат за отцепување и добиваат поддршка од Москва.

Конфликтот во Донбас беше регулиран со Минскиот договор во 2015-та година, според кој украинската легитимна војска и про-руските терористи се обврзаа да ги прекинат судирите и да го повлечат тешкото вооружување од линијата на раздвојувањето.

Со Минскиот договор исто така е предвидена и уставна реформа во Украина, чии клучни елементи треба да бидат децентрализацијата и усвојување на посебен статус во одредени делови од Доњецката и Луганската област.