Верувале или не, но пејачката постојано добива критики дека се облекува премногу слободно, што и да значи тоа…
Пејачката Тијана Милентијевиќ за краток временски период ги освои симпатиите на публиката и го привлече вниманието во целиот регион. Откако ја објави песната „Жена на султанот“ која за кратко време стана вистински хит, сите веќе со денови зборуваат за неа, а нејзиниот спот не се симнува од трендинг листите на социјалните мрежи.
И по споменатата песна која полека и го отвори патот кон ѕвездите, оваа млада пејачка често гостува во разно разни емисии, каде работи на своите промоции, а за едно од нејзините последни гостувања зборуваат сите. Имено, Тијана еМ во емисијата се појави во панталони и црвено сако, додека под него носеше само „топ“ во црвена боја од тантела со кој никого не остави рамнодушен.
Пејачката на овој начин го стави во преден план голото стомаче, но и бујното деколте за кое сите зборуваат.
Но очигледно дека ваквиот стајлинг на младата Тијана беше „ту-мач“ и не им се допадна на некои, па ја критикуваат дека има само 20 години, а се облекува провокативно и потполно недолично за нејзина возраст.
Сепак, покрај бројните осуди, Тијана доби и комплименти – „Најдобра и најкултурна млада пејачка, тоа е сигурно“.
„Не претерав, тоа го прават повеќето девојки што ги познавам“
Па како ви се допаѓа стајлингот на Тања, погледнете во продолжение и проценете сами дали претерала или не.
Инаку, таа неодамна зборуваше отворено и за тоа дали има направено пластични операции.
Таа отворено зборува за своите естетски корекции на телото, а во интервјуто се осврна и на негативните коментари што ги добива на сметка на интервенциите што ги има направено.
Таа пред камерите ги откри сите операции што ги има направено, но и како реагира кога ќе прочита дека претерала.
Популарната Тијана еМ во емисијата Бекстејџ на „Телеграф“ призна дека има направено операција на гpaд те и корекција на усните и како што вели тоа денес го прават 90 % од девојките. Таа не ги крие своите естетски корекции и вели дека за неа нема ништо лошо во тоа.
Што мислите вие?