Потребни ви се само неколку состојки од кујната и нема да имате проблем со комарците.
Комарците знаат животот да нѝ го претворат во ‘пекол’. Колку е потопло, толку се помногубројни, затоа е добро да ги знаете овие трикови.
Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.
Миризлива течност која комарците не ја поднесуваат
Направете ја оваа течност, ставете ја во сад, ставете помала свеќа која може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.
Потребни состојки:
– 2 лимони
– 2 лимети
– неколку гранчиња рузмарин
– 8 до 10 капки етерично масло од еукалиптус
– малку вода
– пловечка свеќа

Подготовка:
Многу е едноставно. Во помала стаклена чаша исурете ја водата, лимонот, лиметата и рузмаринот. Додадете еукалиптус и на врвот ставете ја пловечката свеќа.
Каранфилче и лимон се спас од овие крвопијци
Преполовете неколку лимони или лимета, па во средина ствете 10-на каранфилчиња. Распоредете го лимонот таму каде што поминувате најмногу време.
Мириси кои проверено ги бркаат комарците
Комарците не сакаат мирис на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, еукалиптус… И сувиот талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин, за да зовриете вода и, на крајот, може да користите и етерични масла.