Еве за што фантазира половина од женската популација во текот на односот со својот партнер

923

Новото истражување покажува дека повеќе од половина од мажите и жените фантазираат за секс со некој друг во текот на сексуалниот однос со својот партнер.

Но, тоа не е некој кој што го познаваат – воглавно станува збор за славни личности, пишуваат од „Daily Star“. За некои тоа е неочекувано, но дури 62 отсто од испитаните жени признале дека фантазираат за друга личност во текот на сексуалниот однос, а истото го прават и 56 отсто од мажите.

Жените во Велика Британија најмногу фантазираат за ѕвездите, како што се Даниел Крег, Бред Пит, Џастин Бибер, Дејвид Бекам…

Жените тврдат дека фантазираат за згодни и шармантни мажи затоа што тоа ја буди страста кај нив.

Меѓу имињата од славните личности, мажите најмногу фантазираат за Кети Пери, Лејди Гага, Ријана, Џенифер Анистон и Рита Ора.

И мажите и жените признаваат дека некогаш се мачат додека размислуваат за личноста која што ја познаваат во текот на сексуалниот однос со својот партнер.

Интересно е тоа што поголемиот дел од испитаниците истакнале дека во текот на сексуалниот однос со партнерот размислуваат и на своите поранешни партнери.

Според тоа истражување, жените имаат повеќе еротски фантазии од мажите. Над 50 отсто од нив признаваат дека фантазираат за сексуален однос на плажа или пак во хотел со друга личност.

Друго истражување покажало дека 50 отсто од жените фантазираат за сексуален однос со странец. Сексуалната терапевтка од Њујорк, Синди Дарнел вели дека тоа не се случува поради тоа што тие сакаат да го изневерат својот партнер, туку тоа е факт дека станува збор за ‘сексуална фантазија’.