Богдан Вечирко, возачот на камион кој во неделата во Минеаполис влетал во групата демонстранти, според државните власти бил збунет, но немал намера никого да убие.
Државниот комесар за јавна безбедност, Џон Харингтон вели дека возачот очигледно не сфатил дека патот е затворен, бидејќи до доаѓањето на мостот на кој се наоѓале демонстрантите не заобиколил ниедна барикада.
“На почетокот ја видел групата луѓе и почнал да паничи”, вели Харингтон.
Комесарот додава дека Вечирко, кој возел пребрзо, им рекол на инспекторите дека притиснал на кочницата кога видел дека жена на велосипед паѓа пред неговиот камион.
Демонстрантите го извлекле Вечирко, го извлекле од камионот и почнале да го тепаат, но некои демонстранти интервенирале да го заштитат возачот до доаѓањето на полицијата, пренесува “Newser”.
Вечирко е уапсен под сомнение за напад и тој се наоѓа во затвор во округот Хенепин. Меѓу демонстрантите немало посериозно повредени.
Извештаите покажуваат дека Вечирко во сојузната држава Минесота возел речиси без прекршок, со само една пресуда за возење без појас од 2009-та година.
Меѓутоа, било утврдено дека 35-годишниот маж со украинско потекло во 2012-та година бил уапсен поради насилство во семејството и дека се изјаснил како виновен за обвинение од помал прекршок.
За самиот Вечирко не се знае многу, но познато е дека е приврзаник на американскиот претседател Доналд Трамп и дека ја поддржал неговата кампања со помал паричен износ.
Во тек е истрагата која треба да утврди дали тој намерно сакал да ги згази демонстрантите или изгубил контрола над возилото.
