Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протони и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува PH вредноста на водата, поради што водата го менува вкусот, открива „Дискавери њуз“. Сте забележале ли дека отстоената вода има чуден вкус? Значи ли тоа дека водата е расипана или е во прашање нешто друго?
Обичната вода, за разлика од храната, не содржи шеќери или протеини, што им олеснува на микроорганизмите да ја контаминираат. За чудниот вкус на водата постои објаснување.
Имено, додека водата била изложена на воздух, таа впила малку јаглерод диоксид и дел од тој CO2 се претворил во карбонска киселина, што значи дека водата на воздух го менува својот хемиски состав, открива „Дискавери њуз“.
Водата која стоела во чаша преку ноќта, била изложена на бактерии и во неа завршила и одредена количина на прашина. Тоа не значи дека водата се расипала, но поради се она што се насобрало во неа преку ноќта би требало да размислиме дали ќе ја пиеме.