Евра откри тајна за менталната сила на Кристијано Роналдо

1065

Кристијано Роналдо можеби е најдобриот пример за тоа колку напорна работа е потребно да се вложи за да се постигне конечната цел.

Поранешниот соиграч на Роналдо од Манчестер Јунајтед, Патрис Евра раскажува за времето кое што го поминал со Португалецот на „Олд Трафорд“, а посебно интересни се раскажувањата за партиите пинг понг кои што Роналдо ги имал со Рио Фердинанд.

„Тие еднаш играa пинг понг, Рио го победи, а ние буквално врескавме“, изјави Патрис Евра.

„Роналдо толку многу беше вознемирен, па веднаш прати свој родина да му купи пинг понг табла, тренираше две седмици и се врати и го победи Фердинанд пред сите. Тоа е Кристијано Роналдо“, изјави Евра.