Европол во Македонија откри лажна храна и пијалоци – еве што се продавало

1180

Коњско месо со декларација како телешко, лажна храна и пијалоци биле продавани низ продавниците ширум светот и на Интернет.

Оваа акција ја открија Европол во координирана операција со Интерпол наречена ОПСОН 2020, чија главна цел била трговијата со фалсификувана и супстандардна храна и пијалоци.

Акцијата била спроведена од декември 2020 година до крајот на јуни годинава во 72 земји во светот меѓу кои и Македонија, а запленети биле речиси 16.000 тони стока.

Освен месо, биле продавани и фалсификати на алкохолните пијалоци – а овде најмногу преовладувале виното и вотката.

Ваква акција против продавање на лажен алкохол имало во Македонија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Велика Британија (Шкотска), каде биле запленети вкупно 1,7 милиони литри вино, пиво и останати алкохолни пијалоци.

„Фалсификувана, супстандардна храна и пијалоци може да се најдат и на физичкиот пазар и да се продаваат преку Интернет. Зголемениот здравствен ризик за потрошувачите е пропорционален на намалениот квалитет на суровините што се користат во системот за преработка на храна. Европол забележува неодамнешен развој: производи со низок квалитет се инфилтрираат во синџирот на снабдување со храна, еволуција веројатно поврзана со последиците од пандемијата ковид-19. Со запленети повеќе од 15 000 тони нелегални производи, операцијата ОПСОН Х ја илустрира важноста на соработката помеѓу националните власти и приватниот сектор во заштитата на правата на потрошувачите и квалитетот на производите што ги ставаме на нашите маси“, порача Кетрин Де Боле, извршна директорка на Европол.

Вредноста на нелегалната храна и пијалоци запленети во акцијата е 54 милиони евра, издадени се над 600 глобални потерници, додека пак разоткриени се 42 криминални мрежи.