Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД по итна постапка да ја прошири употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години.
Вакцината на „фајзер/Бионтек“ во моментов во САД е одобрена за лица постари од 16 години, а компаниите објавија дека побарале продолжување на овластувањето за вклучување на помлада возрасна група.
Минатиот месец, компаниите објавија дека клиничкото испитување утврдило дека вакцината е безбедна, ефикасна и дава силни реакции на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години.
Директорката на американските Центри за контрола на болести, Росел Валенски, за „Еј-Би-Си Њуз“ во четвртокот изјави дека очекува вакцината да биде одобрена за деца на возраст од 12 до 15 до средината на мај.