Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ соопшти дека постигнала договор за купување на Arena Pharmaceuticals за 6,7 милијарди долари.
Од Фајзер наведоа дека нивната цел е да се прошират во полето на лекување на цревни и стомачни заболувања, пренесува „CNBC“.
„Arena Pharmaceuticals“ произведува лекови за гастроентеролошки, дерматолошки и срцеви заболувања и ја прифати понудата на Фајзер од 100 долари по акција.
Понудата од 100 долари по акција беше двојно повисока од последната цена на затворање на акциите на Арена во петокот, која се зголеми за 92 отсто на 95,90 долари за време на тргувањето пред продажба.
Компанијата е биофармацевтска компанија основана во 1997 година и со седиште во Сан Диего, а се очекува купувањето да се случи во првата половина на 2022 година.