Се чини дека Реал повторно е пред дебакл во домашното првенство откако на 14 кола пред крајот на сезоната заостана 9 бода зад Барселона.
Мислите се веќе насочени кон идната кампања во кој тимот ќе доживее реконструкција и ќе бидат донесени многу нови фудбалери. Еден од нив речиси сигурно е бразилскиот дефанзивец Едер Габриел Милитао, 21-годишен фудбалер кој беше пред трансфер на Бернабе уште во јануарскиот преоден рок.
Играчот на Порто дојде во овој клуб минатото лето и веднаш ги воодушеви најдобрите европски клубови. Шпанските медиуми тврдат дека со него е се договорено и останува само официјално да биде потпишан договорот.