Фани се откажува од диџејството, ќе се посвети на јогата

942

Наскоро ќе ја отвори својата школа за јога во родната Битола

Пејачката и диџејка Фани Христова која веќе извесен период се занимава и со јога кон средината на март ќе ја отвори својата прва школа за јога во родната Битола, а во интервју за „Бекстејџ“ откри дека непосредно после отварањето планира да се повлече од диџејството затоа што смета дека во исто време не можеш да се занимаваш со две работи.

Планирав школата да ја отворам уште лани, но имав некои неодложни обврски и настапи и морам да го поместам датумот за отварање. Сметам дека кога работиш две различни професии, а притоа и двете ги работиш со голема страст и љубов не можеш максимално и професионално до крај да им се посветиш и едната секогаш ќе трпи. Затоа и решив после отварањето на школата да се повлечам од диџејството и таа приказна да ја оставам зад себе,призна Фани која во повеќе наврати досега има потенцирано дека јогата во целост и го има променето животот.

Во рамки на интервјуто откри и дека е среќно заљубена, но и дека веќе размислува за мајчинство.

Среќна сум и заљубена, имам партнер, Размислувам и за мајчинство, но сметам дека такво нешто не се планира, туку треба само да дојде, додаде Христова