Словенечкиот ветеран Горан Драгич и официјално беше преставен како нов играч на Чикаго Булс.
По добивањето на информација дека “булси” планираат да го повлечат од употреба дресот со број 1 (во чест на Дерик Роус) Драгич се одлучи, следното првенство да настапува со дресот број 7. Но, одлуката околу бројот предизвика лавина од реакции.
“Седумката” своевремено ја носеше легендарниот Хрватски кошаркар, Тони Кукоч и според многумина шесткратниот NBA првак требаше одамна да ја повлече од употреба. Кукоч во Чикаго настапуваше од 1993 до 1999 година и со “биковите” освои три титули по ред. Претставуваше една од клучните алки во тимскиот нуклеус. Член е на најеминетната “Хала на славните” за својот придонес кон кошарката.
Токму поради неспорниот придонес на “Сплитскиот Пинк Пантер”, навивачите на тимот од Илиноис секогаш негодуваат кога ќе видат било кој ќе го облече дресот со број 7.
“Повлечете ја 7-цата!
До сега требаше да го сторите тоа.
До сега требаше да го сторите тоа.
Бројот 7 секогаш ќе му припаѓа само на Тони” – пишуваа навивачите на социјалните мрежи.
Ова не е прв случај во кој многубројните навивачи реагираат бурно кога ќе забележат дека некој кошаркар го носи дресот со бројот на нивниот миленик. Поранешниот репрезентативец на Велика Британија, Бен Гордон го носеше дресот со број 7 за “биковите” во периодот од 2004 до 2009-та година.
NBA FAN
Димитар Младеновски
Димитар Младеновски