ФАНОВИТЕ ПРОНАШЛЕ „ДОКАЗИ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: СУДИЈКАТА КОЈА БЕШЕ УДРЕНА ОД ЃОКОВИЌ НАВИВАЛА ЗА НАДАЛ? (ФОТО)

830

Новак Ѓоковиќ доцна синоќа бил дисквалификуван од УС Опен затоа што ненамерно удрил линиска судијка со топче, што според правилата значи и исфрлање од турнирот.

Судијката Лора Кларк се фатила за грлото откако била погодена со топчето, а Новак Ѓоковиќ веднаш се приближил да ѝпомогне, така што сè било во ред со неа, но немало прошка од организаторите на тенискиот турнир. Така дамата од Кентаки станала централна тема на социјалните мрежи, бидејќи некои веруваат дека нејзината реакција била прекумерна.

Интересно е што поради „прекумерната театралност“ при падот на госпоѓа Кларк, многумина „истражуваале“ сè во врска со неа, па дошле до информација дека таа го поддржува Рафаел Надал.

Таа споделила фотографија од Барселона, на која се гледа како стои во позадина на еден од мечевите на Надал.

Ѓоковиќ преку социјалните мрежи се извинил за својата постапка и призна дека погрешил.

„Целата ситуација прави да се чувствувам тажно и празно. Проверив како се чувствува судијката и според информациите кои ги добив, таа е добро, му благодарам на Бога. нејзиното име не смеам да го откријам поради зачувување на приватноста. Навистина ми е жал што и направив таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство и дисквалификацијата да ги претворам во животна лекција како би можел да продолжам да растам и да се развивам и како тенисер, но пред се како човек. Им се извинувам на организаторите на УС опен. Благодарен сум на тимот и моето семејство и навивачите кои секогаш се со мене. Ви благодарам и навистина ми е жал. Ова беше тежок ден за сите“, напишал Ѓоковиќ.