Фантастичен трик поради кој повеќе нема да морате да пеглате

796

Тој е многу едноставен. Се што треба да направите е да земете три коцки мраз и да ги ставите во сушалната. Ставете ги алиштата што треба да се испеглаат во неа и вклучете ја на висока температура неколку минути. Брчките на облеката би требало да исчезнат, пишува Daily Mail.

Луѓето кои го пробале овој метод велат дека поентата е во тоа што мразот се топи во сушилницата и започнува да се создава пареа која потоа работи на сличен принцип како и пеглата. Не ставајте премногу алишта во сушилницата при користење на овој метод, ставете, на пример, две кошули или кошула и панталони. Постои уште еден начин да се избегне пеглањето. Отстранете ја облеката од машината штом ќе заврши со перење, добро истегне ја со рацете и закачете ја да се суши.

Некои луѓе велат дека пеглањето го олеснува и го забрзува вметнувањето на топчиња од алуминиумска фолија во машината за перење и сушење. Така облеката по перењето и сушењето помека, па затоа не е толку изгужвана.

Всушност, топките со алуминиумска фолија помагаат кај перењето подобро да се вртат алиштата,а со тоа и да се исперат подобро, додека во сушилницата се спречува формирањето на статички електрицитет. Освен тоа што го олеснуваат пеглањето, алуминиумските топки се одлична алтернатива на омекнувачот за алишта. Две до три се доволни, а направете ги едноставно – земете парче алуминиумска фолија и направете топка со големина на тениско топче.

Поставете парче фолија помеѓу навлаката и даската за пеглање, со сјајниот дел нагоре. Тоа ќе го скрати времето на пеглање, бидејќи топлината ќе се одрази на фолијата и ќе се испегла и другата страна од облеката што ја пеглате.