ФФМ ја објави цената на билетите за дуелите со Полска и Австрија – познато и кога ќе почне продажбата

793

Билетите за квалификациските дуел за пласман на ЕП помеѓу Македонија и Полска, како и Австрија ќе по цена од 150 дена.

Купи билет од 150 денари и биди поддршка за македонската репрезентација против Полска и Австрија.

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа MkTickets и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play).

Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“.