ФФМ ќе исплати премија на фудбалерите и покрај поразот во Букурешт!

547

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Романија со 3-2 ги започна квалификаците за Светското првенство во Катар. Пред натпреварот, претседателот Муамед Сејдини ги информирал фудбалерите дека им следува премија во случај да победат или ремизираат.

Ако славеа нашите фудбалери ќе добиеја 80.000 евра, а во случај на реми 40.000 евра. Сепак, по финалниот исход, претседателот Сејдини одлучи да им исплати на фудбалерите премија за реми (40.000 евра), како награда за трудот, борбата и задржување на позитивната атмосфера пред натпреварот против Лихтентајн.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе се одигра в недела од 20:45 часот. Потоа, во вторник следи лет за Германија и натпревар против четирикратниот светски првак во Дуизбург.