Филипче: Бојот на заразени се искачи на 35, во моментов се тестираат нови 30 сомнителни лица

707

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана во 15 часот, рече дека заразата се шири и ситуацијата од час на час се менува.

Сепак, потенцираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи штитејќи се себе истовремено се грижат за целокупното јавно здравје.

Тој изјави дека во моментов има 35 заболени лица во земјава, а последите случаи (4) се од Скопје.

Во Македонија 35 лица се заболени од корона вирус. Од утрово на Ковид-19 се позитивни уште 4 лица од Скопје. Според министерот за здравство, Венко Филипчем состојбата на сите пациенти е стабилна.

„Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, по што ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија“, рече Филипче.