Според информациите од здравствените власти во Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.
Бугарија ќе донира во земјава дел од количините од секоја практка на вакцини против ковид- 19, кои директно ги купува од производителите.Ова утрово, како што соопшти Министерството за здравство е одлучено наседница на бугарската влада на која обраќање имаше и министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот во Софија е на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов.
– Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија . Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението – изјави Филипче по седницата на бугарската влада.
Според информациите од здравствените власти во Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.
– Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ – рече Филипче.
Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унијата за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки.
Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Земјава преговара и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.