Филипче: Драган Вучиќ имаше многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегна на вирусот

686

Утрово на Инфективната клиника од коронавирус почина телевизискиот водител и музичар Драган Вучиќ.

Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека Вучиќ бил хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш бил лекуван на оделението за интензивна нега.

„И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот“, соопшти министерот Венко Филипче.

Тој упати сочувство до семејството и блиските.