Филипче: Јас колку толку донесов вакцини, но колку донесе Пендаровски?

1147

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.

Филипче го коментираше ставот на Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.

Филипче одговори:

-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји, рече Филипче.