Како ќе тече динамиката на вакцинирање кога ќе почне имунизацијата? Го прашаа министерот Венко Филипче кој гостуваше синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој одговори дека ќе може да се вакцинираат од 7 до 10 илјади граѓани на ден.
„Целокупниот процес се одвива во тоа што е напишано во националната стратегија за имунизација, и приориетните групи се одредени од страна на Светската здравствена организација. Динамиката на спроведување е направена така, дека навистина голема количина вакцини ќе стигнат во април, и дефинитивно ќе се осигураме дека процесот на имунизација кога ќе започне, нема да сопре“, рече Филипче.
Тој истакна дека од утре почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови.
„Утре почнува вакцинацијата, во пунктовите во здравствените домови. Нашата проценка е дека може дневно да се вакцинираат 7 и 10 илјади граѓани на територијата на целата држава.“, рече министерот за здравство.