Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче, кажа дека државата го следи ширењето на британскиот сој на Ковид-19 и најави дека ќе има нови рестриктивни мерки доколку се зголеми бројот на заразени.
Министерот во изјава за “ТВ 24” кажа дека засега нема потреба од такво нешто, но дека постојат две опции:
“Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции – или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде”.
Филипче додал дека при набавката на вакцините нема политика, и дека фокусот би ставен на “Фајзер” поради напредните клинички студии и добивањето на сертификати, за разлика од другите произведувачи.