Филипче: „Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор”

652

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека високата бројка на новозаболени последните денови покажува дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.

Филипче појасни дека цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки.

„Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола“, ВЕЛИ Филипче.

Тој вели дека нема да дозволи да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење.

“Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор”, истакна  Филипче.

Според него, рестрикции и мерки ќе има само кога ќе се процени дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје.