Филипче: Никогаш мерките не биле политички, денеска имаме намалување на бројот на новозаразени

833

На новинарско прашање зошто сега се носат мерките, односно се зголемува полицискиот час и се затвораат рестораните, и дали одлуките се политички, министерот Венко Филипче рече дека мерките никогаш не биле носени на политичка основа.

„Прво да кажам дека никогаш до сега, од лани кога почнавме со кризата, никогаш мерките не биле политички, секогаш сме поаѓале од заштита на здравјето на граѓаните. Многу фактори влијаат на носењето на мерките, а сметавме дека сега околу празниците е потребна таква мерка“, изјави Филипче.

Тој откри дека денеска ќе има помал број на инфицирани од претходните денови.

„Денеска имаме околу 1200, го немаме оној пик од 1600 минатиот вторник, што е доказ дека сегашните мерки дааваат резултат“, рече министерот за здравство.