Во денешното гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, министерот за здравство д-р Венко Филипче изјави дека ќе се вакцинира против Ковид-19.
Тој упати апел до граѓаните дека се работи за безбедна вакцина со која ќе се подигне имунитетот на населението ширум целиот свет и со тоа животот ќе се врати во нормала.
„Апсолутно да, ќе се вакцинирам, да покажам и докажам дека луѓето треба да се вакцинираат. Вакцините се сигурни, ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестрикции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот и животот постепено ќе се врати во нормала“, изјави Филипче.
Министерот посочи дека станува збор за еден сосемa безбеден и веќе установен систем кој што компаниите многу добро го знаат и имаат експертиза и искуство.
„Сите вакцини кои што се развиваат во светот во овој момент се развиваат на сосемa безбедни платформи. Тоа се платформи, дали се тоа RNK, предизвикувач итн. кои што се добро познати и на која што основа се развиваат сите други вакцини кои што се достапни за другите болести на морбили, HPV“, додаде тој.
Филипче отсекогаш се залагал за вакцинација, без разлика за која болест станува збор, а тоа сака да го докаже и преку личен пример. Минатата година, министерот објави фотографија на која ја вакцинира својата внука Илина, во екот на епидемијата на морбили која ја зафати нашата земја, но и целиот свет.
Ваквите обвинувања пристигнаа по бројните коментари на социјалните мрежи на кои се пишуваше дека е очигледна лага бидејќи на фотографијата се гледа дека не е тргнато капачето од иглата на вакцината и медицинската сестра не носи ракавици.
Фичипче ја вакцинира внуката со игла со капаче… Не прееба кој стигна и напрае будала од нас.
Кирацоски, Данска а сега и овој…
Гаси светло! pic.twitter.com/Ox1fTYXdPF— Персона нон Плата (@bojankuk) January 11, 2019