Филипче со осуда до младоженецот Богдановиќ: Ние функционерите треба да бидеме пример

485

Министерот за здравство Венко Филипче го осуди потегот на градоначалникот на Центар, кој викендов направи свадбена церемонија во Косово. Иако настанот се случил надвор од земјава, па не се прекршени протоколите во Македонија, сепак, Филипче порача дека функционерите треба да бидат пример и први кои ќе ги почитуваат мерките.

-Не е работата тоа што не се прекршени препораките за ковид во нашата земја, затоа што веселбата е направена надвор, но ние функционерите треба да покажеме како се почитуваат мерките. Посебно што цело време апелираме кон граѓаните и ги учиме. Апсолутно го осудувам тој чин. Не мора за се да имаме можност за санкционарање, но треба и функционерите да бидат свесни дека треба да се првите кои ги почитуваат мерките – рече Филипче.