Филипче соопшти дали се планираат нови мерки за угостителските објекти и до кога би траел полицискиот час

623

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека доколку Владата утре го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час, тоа ќе значи дека во следните две недели забараната за движење ќе почнува во 22 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а ќе важи и за време на викендот.

„Засега протоколите за угостителските објекти се доволни и во моментов не се предвидуваат ограничувања во нивната работа“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Како што кажа тој засега е доволно тие да се почитуваат и апелираше за интензивирање на работата на надлежниот инспекторат.

“Во моментов, не, но и тоа може да се случи, сепак, постојат протоколи во гастрономските установи и сè што треба да се направи е да се почитуваат. Комисијата за инфективни болести, исто така, апелираше да се интензивира работата на Инспекторатот”, рече меѓу другото министерот Филипче.

Полицискиот час засега се предлага за две недели колку што трае еден епидемиолошки циклус, но тоа може да се измени, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Евидентно беше дека во текот на изминатите десетина дена се зголеми инциденцата на нови случаи во Скопје, Кавадарци, Неготино и во Охрид и тоа се одрази со зголемен прием во болниците. Во Кавадарци е исполнето одделението и почна да работи модуларната болница, исто е и во Прилеп, а во Скопје се врати во функција модуларната болница, сите интерни клиники се спремни како што беа во ноември. Бранот не е толку нагол како во ноември и тоа е значајна разлика. Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се постигне некое плато, но мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла е препораката на Комисијата да се ограничи движењето после 22 часот – рече Филипче.

Засега нема да има целосно затворање за време на викендите.