Филипче: Витаминот Д најмногу помага, не само во превенција, туку и во третман на ковид-19

887

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашнотсо гостување на ТВ Сител, изјави дека витаминот Д најмногу помага за превенција, но и за лечење на Ковид 19.

Витамин Д најмногу помага, не само во превенција, туку и во третман на болеста. Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д“, изјави Филипче.

За големата смртност од вирусот, Филипче повтори дека тоа најмногу се должи на задоцнетото доаѓање во болница.

Самите се решаваат да се лекуваат и покрај нашите апели и барањата на матичните лекари да се јават во болница. Тоа го констатираме по тоа што навистина на приемот во болница, толку се лоши параметрите на сатурација со кислород, што и да се направи, за жал не може да им се помогне“, соопшти министерот.