Сите новодијагностицирани случаи на ковид-19 се бидејќи протоколите не се почитувале. Жално е што има настани кадешто се кршат сите препораки од Комисијата. Има епидемиолошка и медицинска логика зошто се тие дадени – рече министерот.
Лекарот Венко Филипче, во врска со тоа каков е неговиот став за одржувањето на парламентарите избори, но токму како доктор, денеска одговори:
– Било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните. Сè што ќе се одржи и луѓето и организаторите ќе се придржуваат до протоколите – апсолутно не е ризик. Ние мора да научиме да живееме така. Така е во целиот свет. Во целиот регион има пораст на случаите. Ќе дадам една изјава, ќе ја кажам со резерва и можеби е преуранета, но мислам дека ние први изреагиравме – додаде Филипче.
Тој повторно нагласи дека сите новодијагностицирани случаи на ковид-19 се бидејќи протоколите не се почитувале.
– Жално е што има организирано настани кадешто се кршат сите препораки од Комисијата. Има епидемиолошка и медицинска логика зошто се тие дадени – рече министерот.
За тоа дали Комисијата одговорила на дополнителните прашања на Државната изборна комисија за заштита на граѓаните за време на изборите и колку заштитни маски и дезинфекциони средства ќе треба да се набават, Филипче рече дека има доволни резерви заштитни средства и оти е одговорено на сите дополнителни прашања на ДИК.