Да не беше платен 160 милиони евра можеби критиките на негова сметка немаше да бидат толку остри.
Вака, Кутињо постојано е на удар на навивачите на Барселона кои и по Ел Класико жестоко распалија по него. Најскапиот фудбалер во историјата на клубот уште еднаш разочара и навивачите се едногласни дека Малком, кој едвај игра сезонава, има поголем придонес за тимот.
Сега сите со нетрпение го очекуваат враќањето на Усман Дембеле чија рехабилитација е при крај и можеби ќе се најде во составот веќе на дуелот против Атлетик Билбао.