Филмска потера по грабеж на златарница: Крадците украле комбе, во потерата убиени четири лица

664

Во размена на оган во потера на Флорида биле убиени двајца осомничени мажи, но и двајца цивили.

Грабежот на златарницата на Флорида завршил со полициска потера која потсетува на сцени од акциони филмови и пукање во кое биле убиени двајца осомничени мажи и двајца цивили.

Осомничените ограбиле златара во Корал Гејблс на крајниот југ на Флорида, по што украле комбе на компанијата “UPS” со кое планирале да побегнат, јавува “CBS”.

Полицијата брзо реагирала, па по бркањето со вооружените крадци дошло до размена на оган во која биле убиени двајца од осомничените.

Властите објавиле дека загинале и двајца цивили, а “UPS” соопштил дека еден од настраданите е работник на компанијата.

Возачот на комбето бил принуден да сопре поради метежот во сообраќајот.

Специјалниот агент на Федералното истражно биро Џорџ Пиро рекол дека полицијата со оган одговорила на нападот на полицајците.