Почетна Живот Фински орел кој десет пати бил до Африка и назад, ЗАГИНА ОД...

Фински орел кој десет пати бил до Африка и назад, ЗАГИНА ОД СТРУЕН УДАР НА ПРУГАТА СКОПЈЕ-БЕЛГРАД (ФОТО)

832

Десетгодишен орел, по потекло од Финска, настрадал од струен удар на железничката пруга Белград-Скопје во Грделичка клисура, објави Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија.

Орелот кој припаѓа на родот орел-рибар е загрозен вид, кој не се вгенздил во Србија скоро 100 години, додека поединци од северните популации летаат над нашите држави двапати годишно кога мигрираат.

Финаска реагирала во понеделникот (16-ти ноември) кога ги информирала српските орнитолози  дека орел-рибар, обележан со сателитски предавател, најверојатно починал во близина на селото Божевица кај Лесковац.

Финците биле загрижени кога забележале дека сателитскиот предавател три дена испраќа сигнал од едно место, што покажувало дека орелот не се движи и дека има проблеми. Тие им дале информации за движењето и задржувањето на птицата на колегите од Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија со цел што побрзо да проверат што се случува со орелот.

Слободан Марковиќ, орнитолог од Друштвото за заштита и проучување на птици од Србија, излегол на терен со надеж дека овој случај нема да биде додаден на црната статистика за смртност на птици во оваа област.

„Позицијата на ГПС-от што ја добив од моите колеги беше на самата меѓународна линија Коридор 10 Белград-Скопје-Солун, кој се наоѓа помеѓу Јужна Морава и селото Божевица. Кога пристигнав на самото место, за жал, можев да заклучам дека птицата е мртва. Трупот кој се наоѓаше под далноводот, положбата и промените на телото укажуваа на тоа дека птицата била убиена од електричен удар на контактната мрежа на пругата. Орелот немал шанса против струјата од 25.000 волти“, објаснува Марковиќ.

Повредениот орел-риар бил прв пат во рацете на експерти за птици, како единствено младенче во гнездото, на 26 јули 2010 година, бил обележан со метален прстен во градот Тервола, на северот на Финска. Во следните години, тој на есен летал замина во Африка и на пролет се враќал во својата татковина. Овој светски патник патувал во Африка и назад 10 пати и успешно надминал многу предизвици и опасности.

Него  Финците го именувале по финскиот орнитолог Оли-Пека Карлин, кој заедно со орнитологот Мати Суопајарви ја обележале птицата со сателитски предавател на 1 август годинава. Како зрела птица, добил сателитска телеметрија како дел од студијата за мапирање и проценка на влијанието на ветерните електрани врз животната средина, во областа каде што се планира нивната изградба.

Оваа есен, ја започнал миграцијата на 13 септември и во текот на 59 дена прелетал вкупно 4613 км. Орелот прелетал низ 9 земји: Финска, Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, Грција, Македонија и Србија. Најдолго престојувал во Украина, каде ловел 20 дена, одмарал и се подготвувал за продолжување на миграцијата.

Милан Ружиќ, извршен директор на Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија, вели дека е невообичаено што, наместо да лета на југ во Турција и на Блискиот исток, орелот од јужна Бугарија се упатил кон запад, а потоа се свртел северно од Гевгелија и дошол до клисурата Грделица.

„коридорите низ кои се движат птиците не се безбедни и ние луѓето сме одговорни да ја промениме таа ситуација на подобро. Милиони небезбедни столбови за пренос на електрична енергија демнат нови жртви. Затоа, заедно со колегите од 7 земји, со финансиска помош на Европската комисија, го започнавме проект чија цел е да се спречи смртта на птиците на далноводите користејќи ги најновите знаења и технички решенија“, рече Ружиќ.