ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани!

100

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје, и тоа во вечерен термин на 16-ти април.

Овој датум беше единствениот кој беше слободен за Црвена Звезда до крајот на сезоната, а Вардар како клуб без размислување го прифати и се согласи да го нагости српскиот шампион.

– Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар, Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16-ти април.

– Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.

Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.

– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена Ѕвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, – гласи објавата на Вардар.