Холандската легенда, Патрик Клајверт остави голема трага во светот на фудбалот играјќи за својата репрезентација како и за многу познати европски гиганти како Ајакс, Милан и Барселона.
Тој во своајата кариера настапуваше и за клубови како Њукасл, Валенсија, Лил и ПСВ, па од сите овие негови настапи, епизоди и играчи со кои имаше можност да соработува во кариерата требаше да состави еден дрим тим.
Клајверт се одлучи за формација 4-4-2 и во истата се најдоа:
Голман: Едвин Ван Дер Сар
Одбрана: Михаел Рајзингер, Марсел Десаи, Јап Стам и Франк Де Бур
Средина: Луис Фиго, Кларенс Сидорф, Чави Ернандез и Ривалдо
Напад: Денис Бергкамп и Роналдињо.